3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPwC е осудена на 5,5 милијарди долари поради неоткриена измама во банкротирана...

PwC е осудена на 5,5 милијарди долари поради неоткриена измама во банкротирана банка

pwc3333

Ревизорската компанија „PwC“ е осудена на рекордни 5,5 милијарди долари за тоа што не успеала да детектира измама, која довела до банкрот на американска банка за време на финансиската криза, по што и други ревизорски фирми можат да заработат слична глоба.

Од финансиската кризна година банките платија стотици милијарди долари во судски постапки, додека други компании од сферата на услугите, меѓу кои рејтинг агенциите, мораше да посегнат подлабоко, за да ги платат „солените“ казни.

Но случаите во кои се вовлекуваа ревизорски компании се многу малку. Некои тврдат дека тие не можат да бидат прогласени за виновни за тоа што пропуштиле измами.

Случајот што е најголем во однос на ревизорска компанија е поднесен во судот во Мајами од името на синдикатот на хипотекарниот управник „Taylor, Bean & Whitaker“ (TBW). Во него „PwC“ се обвинува дека не забележала заговор од милијарди долари меѓу основачот на компанијата Ли Фаркас и директорите на банката со седиште во Алабама, „Colonial Bank“, која давала кредити на „TBW“.

„PwC“ и дава на компанијата мајка на банката – „Colonial BancGroup“, чисто ревизорско мислење секоја година од 2002-ра година до 2008-та година, „Colonial“ банкротира во 2009-та година, со што се претвора во шестата по големина банкротирана банка во американската историја.

Според синдикатот на „TBW“, „PwC“ забележала постоењето на средства на „Colonial Bank“ од над 1 милијарда долари, кои или не постојат, или биле продадени или биле безвредни.

Водечкиот судија во случајот Стивен Томас го опишува случајот како „нечуен“, имајќи предвид дека Денис Нали, кој се пензионираше во јули, по осум години на функцијата претседател на „PwC“, коментираше за „Wall Street Journal“ во 2007-ма година дека „ревизорската професија секогаш била одговорна за откривање на измами“.

Адвокатите на „PwC“, која е најголемата компанија за професионални бизнис услуги со заеднички приходи од 35 милијарди долари, минатата недела се спротивставија и откриените изјави посочуваат дека фирмата нема никаква врска со „TBW“ и дека никогаш не направиле ревизија или пак имале пристап до нејзината документација.

Тие исто така велат дека „Deloitte & Touche“ која правела ревизија на „TBW“ седум години пред банкротот, никогаш не се објавиле нешто погрешно. Во 2013-та година „Deloitte“ склучи доверливи договори со синдикатот во три дела.

Случајот, која започна на 9-ти август, се очекува да заврши за околу шест недели.

Ли Фаркас, кој повлече милиони долари од „TBW“, за да си купи приватен авион, имот за одмор и ретки автомобили, во 2011-та година беше осуден на 30 години затвор.

Случајот во Флорида може да е од витално значење за „PwC“, коментира поранешниот партнер во „Arthur Andersen“ и автор на книга, каде се доведени во прашање способноста на големите четири ревизорски компании да одолеат на големиот шок, Џим Петерсон.

Тој проценува дека штетите се во рамки на 2-3 милијарди долари и можат да се пресвртница за „PwC“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП