4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХуманитарна аукција на дресови од македонски спортисти

Хуманитарна аукција на дресови од македонски спортисти

dresovi

Во вторник ќе се одржи хуманитарна аукција на дрсови од повеќе македонски познати спортисти, а парите собрани на аукцијата ќе бидат донирани за поплавените во Скопје.

Портрет магазин заедно со македонските спортски ѕвезди со хуманитарна аукција за семејствата погодени од поплавата.

„Постојат моменти кога заедништвото со поголем интензитет носи бар маклу среќа во очите на другите, оние кои се со страшна приказна, која во секнунда го сменила нивниот живот. Тука сме заедно да придонесеме за оние кој најмногу им е потребно внимание и доза на надеж за подобар живот. Токму поради тоа, кај нас се кристализираше идејата да се вклучиме во собриањето на помош за погодените од поплавата, заедно со македонските спортисти да дадеме поддршка за одигрување на најважниот ‘меч’ за нашите поддржувачи“, велат организаторите.

По тој повод, Портрет Магазин заедно со македонските спортисти организира хуманитарна аукција на дресови од македонските спортисти: Перо Антиќ, Кире Лазаров, Дејан Манасков, Борко Ристовски, Филип Талески, Јован Костовски, Владо Илиевски, Тодор Гечевски, Ѓорѓи Чековски, Војдан Стојановски, Столе Стоилов, Наумче Мојсовски, Пепи Манасков, Горан Пандев, Александар Васовски, Влатко Гроздановски и Бобан Грнчаров.

Хуманитарната аукција на дресови од македонските спортски ѕвезди, ќе се одржи утре, 16.08.2016 (вторник), во Јавна соба со почеток од 17 часот.

За подобра мотивација, исто како на терените, музички придонес на грамофони ќе даде Ненад Стефаноски (Foolish Green)

Покрај средствата собрани од акукцијата, дополнително ќе се собираат и парични донации во кутии, поставени на самото место. Сите средства ќе бидат донирани директно на семејствата погодени од поплавата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП