1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХит за кинеските инвеститори е...

Хит за кинеските инвеститори е…

kineskiinvestitori1

Европа минатата година беше главната целна област за кинеските инвеститори, покажуваат податоците од анкетата која ја спроведе инвестициската компанијата „А Капитал“.

Обемот на средства кои Кина ги инвестирала во Европа минатата година е зголемен за 21 процент во однос на 2011 година, на 12,6 милијарди долари.

Според пишувањето на Вол Стрит Журнал, кинеските инвеститори ги искористиле приликите за аквизација кои се појавија во услови на криза и рецесија.

Така, во Европа е инвестирана една третина (33 проценти) од 37,7 милијарди долари, колку што се проценува дека Кина инвестирала надвор од своите граници.

Вредноста на имотот во Европа значително е намалена во текот на должничката криза во еврозоната. Меѓутоа, според мислењето на експертите, работата не е само во тоа. Кинезите бараат можност за експанзија во странство со цел да стекнат нови искуства и да ја запознаат новата технологија.

Кинескиот државен фонд минатата година стекнал мали удели во неколку инфраструктурни компании, вклучувајќи ја и компанијата која управува со лондонскиот аеродром Хитроу.

Голема популарсност меѓу кинеските инвеститори имаат германските компании од областа на инженерството, меѓу кои е и Клион групата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП