4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрегзит им зададе удар и на плановите за вработување во Британија

Брегзит им зададе удар и на плановите за вработување во Британија

Bregzit-i-EU

Британските работодавци станаа повнимателни во поглед на вработувањата и имаат се помала желба да вложуваат во обука на вработените по јунската одлука на Велика Британија да излезе од Европската унија, покажаа денес објавените резултати на едно истражување.

Процентот на работодавци, кои, како што се очекува, ќе го зголемат бројот на вработени во наредните четири години, падна од 40 проценти во периодот пред референдумот на 36 проценти по гласањето, покажува истражувањето на организацијата CIPD и агенцијата за вработување Adeko, пренесува агенцијата Ројтерс.

Се очекува дека еден од пет работодавци ќе ги намали и инвестициите во обуките за вработени поради Брегзит, додека падот на вредноста на фунтата ќе ги зголеми трошоците за увозот.

Повеќето економисти веруваат дека Британија се движи кон рецесија поради нискиот економски раст кој е последица на неизвесноста во поглед на идните трговски односи на Лондон со ЕУ.

Претходно овој месец, Банката на Англија ја намали каматната стапка и презема други мерки со цел да ги неутрализира шокантните ефекти на Брегзит по економијата, наведува британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП