4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзнајмувањето на првокласни канцеларии во Европа со најсилен раст по 5 години

Изнајмувањето на првокласни канцеларии во Европа со најсилен раст по 5 години

kancelarija 3993

Изнајмувањето на првокласен канцелариски простор во Европа го оствари најсилниот раст од пред пет години во вториот квартал, покажуваат податоците на консултантската компанија „JLL“, цитирани од онлајн изданието „property-magazine.eu“.

За периодот април-јуни кириите на првокласните канцеларии се зголемуваат за 1,5% на годишна основа во однос на растот од 0,7%, забележан во првиот квартал. Во Америка и Азија е забележан повеќе од двојно помал раст – 0,6%.

Најсилен раст на кириите е забележан во Стокхолм – 9,4%. Следува Берлин со 6,3%, Барселона со 3,7%, Париз со 3,4% и Милано со 2%.

Изнајмувањето на првокласниот канцелариски простор во Лондон остануваат без промена во вториот квартал по референдумот за „Brexit“.

Експертите очекуваат трендот на раст на кириите на првокласен канцелариски простор во Европа да се задржи до крајот на годината. Очекуваниот раст за целата година е 2,5-3% за Западна Европа. Со овој раст, регионот ќе го надмине просечниот раст за 10 години во следните неколку години.

Најголем раст се очекува во Стокхолм и Мадрид. Во Лондон пак, се претпоставува нивото да падне под притисокот и кириите за станарите да се зголемат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП