7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајголемиот производител на алуминиум во светот со 21% раст на профитот

Најголемиот производител на алуминиум во светот со 21% раст на профитот

alu proizvoditel 333

Најголемиот производител на алуминиум во светот – „China Hongqiao Group Co.“, оствари 21% годишен раст на нето добивката во првото полугодие од 2016-та година, откако го зголеми производството и освои удел на пазарот, додека некои од неговите конкуренти, не унапредуваат со активностите. Акциите на „China Hongqiao“ поскапеа до својата највисока вредност по повеќе од една година, пренесува „Bloomberg“.

Нето добивката се зголемува до 3,3 милијарди јуани (496 милиони долари) од 2,72 милијарди јуани во првото полугодие на 2015-та година. Приходите од продажба се зголемуваат со 13 отсто до 25,4 милијарди јуани, откако производство се зголеми за 28% до 2,71 милиони тони.

Иако кинеската алуминиумска индустрија извлекува бенефиции од растот на цените на домашниот пазар во првата половина од 2016-та година, тие се уште се пониски од просечните, отколку пред една година. Ова го зголемува притисокот врз производителите кои вршат активности при повисоки трошоци.

„China Hongqiao“ ја зголемува понудата, иако вкупното производство во азиската економија и извозот се на минатогодишните нивоа. Компанијата е меѓу светските производители со најниски трошоци, откако изгради синџир за снабдување, вклучувајќи го рудникот за боксит во Индонезија и фабриката за топење на алуминиум во Гвинеја, посочува „JPMorgan Chase & Co“.

За време на трговијата на азиските пазари во понеделникот акциите на „China Hongqiaо“ поскапеа најмногу – со 5,9% до 6,65 хонконгшки долари, што е највисока цена од јули 2015-та година.

Побарувачката на алуминиум ја надмина понудата во првото полугодие, а групацијата верува дека потрошувачката на производи од алуминиум ќе остане силна во второто.

Паралелно со стабилизирање на кинеската економија и со поскапувањето на индустриските метали се покачи цената на алуминиумот.

Кина се уште го зголемува капацитетот преку пониски трошоци, додека производителите во други делови на светот ја прекинуваат активноста. Покрај тоа, се очекува во следните четири години цените да се намалат за над 11%, откако се прогнозира дека Кина ќе ја зголемува понудата, проценуваат од американската консултантска компанија „Harbor Intelligence“.

Оваа империја формира 55% од светското производство на металот.

Во 2015-та година „China Hongqiao“ го претекна „United Co. Rusal“, за да стане најголем производител на алуминиум во светот. Пресметките на „Bloomberg“ покажуваат дека производите од компанијата во првото полугодие формирале околу 17% од понудата во Кина во периодот.

Голем дел од приходите на „China Hongqiao“ доаѓаат од продажба на претопен алуминиум, кој потоа изладен се купува од страна на клиентите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП