
Поранешна телевизиска водителка ќе биде првата жена која ќе управува со најголемата градска економија во светот, коментира „Quartz“.


Поранешна телевизиска водителка ќе биде првата жена која ќе управува со најголемата градска економија во светот, коментира „Quartz“.
Јурико Коике, којa е и поранешен министер за одбрана, беше избрана на 31-ви јули за гувернер на Токио, откако нејзиниот претходник поднесе оставка минатиот месец поради неовластено користење на финансиски средства. Во својата нова улога на 64-годишната Коике ќе управува со речиси 14 милиони луѓе само во Токио.

Поголемaта метропола сепак, кој ги вклучува соседните административни центри како Чиба и Канагава, вклучува околу 37 милиони лица – што е повеќе од населението на Канада. За споредба – Њујорк, кој вклучува делови од Њу Џерси и Конектикат, на пример, вклучува само околу 20 милиони луѓе. Од економска гледна точка, бруто домашниот производ на пошироката област на Токио е помал само од 11 земји во светот. БДП-то на метрополата, кој изнесува 1,6 ијади милијари долари, е поголем од оној на држави како Австралија и Јужна Кореја. За споредба – БДП-то на Њујорк е 1,4 илјади милијарди долари, а на Лос Анџелес, кој е на трето место на листата за овој индикатор – едвај 860 милијарди долари.
