
Државните службеници во Грција денеска нема да работат од 12 часот до крајот на работниот ден.


Државните службеници во Грција денеска нема да работат од 12 часот до крајот на работниот ден.
Протестот е организиран од Федерацијата на државните службеници (АДЕДИ) против претстојните отпуштања во секторот согласно договорот, постигнат со меѓународните кредитори во замена за меѓународната помош.
За денеска е планиран и протестен митинг на државните службеници во центарот на Атина.