12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедиуми: Brexit-от може да биде одложен до 2019-та

Медиуми: Brexit-от може да биде одложен до 2019-та

britanija1

Вистинското излегување на Велика Британија од Европската унија би можело да биде одложено до крајот на 2019 година поради тешкотиите со кои коишто се соочува британската администрација, како и поради изборите во Франција и во Германија, пишува во неделата The Sunday Times.

Владата на британската премиерка Тереза Меј извести дека има намера да се повика на членот 50 од Лисабонскиот договор за Европската унија на почетокот од 2017 година. Примената на членот го отвора периодот од двегодишните преговори, по што конкретната земја ја напушта ЕУ. Доколку членот се промени на почетокот од 2017 година, вистинското излегување на Обединетото Кралство од Европска унија ќе биде на почетокот од 2019 година, коментира AFP.

Меѓутоа, The Sunday Times пишува дека британските министри ги предупредиле високите функционери на финансискиот сектор во лондонски Сити дека примената на членот 50 може да се оствари дури кон крајот на 2017 година, што реализирањето на стварното излегување од ЕУ би го одложило дури кон крајот на 2019 година.

„Министрите сметаат дека примената на членот може да се одложи до есента 2017 година“, рекол за The Sunday Times извор од Сити кој тврди дека за тоа разговарал со двајца министри.

„Тие едноставно немаат инфраструктура за луѓето коишто би требало да ги ангажираат на ова прашање… Велат и дека не знаат кои прашања би требало да се постават кога конечно ќе почнат преговорите со ЕУ“, рекол соговорникот на весникот.

И неименуван член на британскиот владин кабинет за весникот рекол дека „извесна пречка“ претставува и изборниот календар во Франција и во Германија. Двата круга од француските претседателски избори ќе се одржат на 23-ти април и на 7-ми мај 2017 година, а сојузните избори во Германија во есента истата година.

По референдумот од 23-ти јуни на кои Британците со мнозинство се изјаснија Велика Британија да ја напушти ЕУ, премиерката Тереза Меј, којашто го наследни на функцијата Дејвид Камерон, формираше министерство задолжено за преговорите за излегувањето. Меѓутоа, неговиот министер Дејвид Дејвис досега успеал да ангажира само половина од потребниот персонал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП