
Неуморно извршување на поставените задачи, припадниците на АРМ од рано наутро согласно направениот план во тактичкиот оперативен центар ги расчистуваат наносите од подрумите и дворовите, испумпуваат вода од подрумите,вршат дезинфекција онаму каде се створени услови за тоа, додека нивните колеги од воената полиција овозможуваат непречено движење на механизацијата, соопштуваат од АРМ.
