13 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗК Пелагонија ќе донира 100 тона сточна храна во настраданите подрачја

ЗК Пелагонија ќе донира 100 тона сточна храна во настраданите подрачја

stoka hrana3 33

ЗК Пелагонија АД Битола изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите и искрено жалење за загубите направени од катастрофалните поплави кои се случија во Скопје и околината на 6-ти август годинава.

Согласно апелите упатени од граѓаните на зафатените подрачја, покрај огромните материјални штети направени од поплавите, одгледувачите на стока се останати и без неопходната сточна храна која за прехранување на нивните животни.

Сочувствувајќи и солидаризирајќи се со граѓаните, ЗК Пелагонија ќе донира 100 тона сточна храна, наменета за сточарите од настраданите подрачја чии залихи беа уништени во невремето. Во наредните десет дена компанијата секојдневно ќе доставува по 10 тона храна во погодените подрачја, а доколку е потребно акцијата ќе продолжи и во наредниот период, односно сѐ до стабилизација на состојбата.

ЗК Пелагонија е најголемиот производител на сточна храна во Македонија. Под раководство на висококвалификувани технолози и најсовремена производна линија, производството во најголем дел се прави од сопствени земјоделски производи по пропишани рецептури кои ги задоволуваат највисоките стандарди во производството на сточна храна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП