Американскиот долар во петокот ослабе во однос на еврото на меѓународните валутни пазар по разочарувачките податоци за прометот во американската малопродажба во јули.
Доларот во однос на еврото ослабе за 0,27 отсто, лизнувајќи се на 1,1166 долари за евро. Во однос на јапонската валута, американската беше во благ плус, достигнувајќи 102,01 јени.
Пазарите беа фокусирани на податокот за стагнацијата на прометот во американската малопродажба во јули. Вложувачите се разочарани поради тоа што се очекуваше раст на прометот за 0,4 отсто. Пред објавата на овој податок, доларот црпеше поддршка од изјавата на челникот на филијалата на американската централна банка Federal Reserve (Fed) во Сан Франциско, Џон Вилијамс, дека клучните каматни стапки во САД би требало да бидат подигнати до крајот на годинава.
Токму шпекулациите за (не) подигнувањето на клучните каматни стапки во САД кон крајот на годинава беа главната тема на валутните пазари оваа седмица. Имајќи ги предвид нејасните насоки, вложувачите во потрагата по поголеми приноси се фокусираат на валутите кои се поврзани со стоките. Така, канадскиот долар забележа најголем скок од април, а норвешката круна најмногу зајакна во однос на еврото од почетокот на минатата 2015 година.
Британската фунта, пак, и натаму е под притисокот, но не забележува позначителни промени и покрај тоа што приносите на британските државни обврзници оваа седмица балансираа на работ од негативната област.
„Пазарите се дават во евтини пари. Во таквата атмосфера пазарот на валути е всушност споредна сцена. Некаквата стабилизација на цените на нафтата му овозможи на канадскиот долар да зајакне посилно отколку австралискиот и новозеландскиот долар, додека еврото дополнително ослаби во однос на норвешката круна“, констатира Кин Џакс од „Societe Generale“.