25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSharp го продава својот удел во Pioneer

Sharp го продава својот удел во Pioneer

slika

Според информациите јапонски „Sharp“ има намера да го продаде својот удел во компанијата „Pioneer“.

„Sharp“ со удел од 9.2 проценти е најголем акционер во „Pioneer“, а сега тие бараат купувач за своите акции се со цел да можат да ги финансираат своите трошоци кои произлегоа од реструктуирањето на компанијата.

Се очекува компанијата да продаде ги продаде своите 30 милиони акции кои ги имаат во „Pioneer“ за да можат да ги  платат издатоците кои изнесуваат околу 2.14 милијарди долари, а чија наплата треба да се изврши во септември оваа година.

„Sharp“ и „Pioneer“ ја започнаа својата соработка во 2007-та година, а за продажбата на акциите во „Sharp“ се размилсуваше уште од минатата година како дел од процесот на реструктуирањето. И покрај трансакцијата на компанијата, тие и понатаму имаат намера да ја продолжат соработката, додека „Pioneer“ и натаму ќе ги задржи своите 0.8 проценти од уделот во „Sharp“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП