18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАНаградата Гран при на „Езерски бисери 2016“ за Антонија Гиговска

Наградата Гран при на „Езерски бисери 2016“ за Антонија Гиговска

gigovsksa

Наградата Гран при на меѓународниот арт фестивал „Езерски бисери2016“ ја освои петнаесетгодишната Антонија Гиговска, која го oдушеви жирито со своите моќни изведби.

Во четвртокот вечерта во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга се одржа доделувањето на наградите во програмата естрада, кореографија, фолклор, по што следеше Гала концерт на наградените учесници, во избор на жирито во состав: Виктор Бабарикин (Белорусија), Иванка Нинова (Бугарија), Сања Шутевска, Андријана Јаневска, Ана Костадиновска (Македонија), Јован Бицевски (Македонија) претседател.

Со освојувањето на наградата Гран При, Антонија Гиговска доби фестивалска статуетка, охридски бисери од семејството Филеви и парична награда од илјада американски долари.

„Езерски бисери“ има веќе изградена репутација во регионот како фестивал и натпревар кој открива нови таленти и ги претставува на широката јавност.Токму на овој фестивал пред 3 години за првпат настапи Антонија Гиговска и го претстави својот огромен талент.

За лауреати од прв степен се прогласени македонските претставници, Андреа Ристоска, Сара Гигова, Мина Блажев,Тамара Ангеловска, Теодора Трајковска, Лина Авшар,Емин Хасан (Азербејџан), Аванесјан Нуни (Ерменија) Неѓица Мијајловиќ (БиХ),танц групата КВИН (Израел),Екатерина Офицерова (Русија). Лауреати од втор степен се Теодора Станковиќ (Србија), Валерија Гајнутдинова (Русија),Едмон Мекхакјан (Ерменија), Елена Бимбилоска и Јасмин Алиевски (Македонија).

Во програмата класична музика најдобри беа Стојан Стојанов (Македонија) и Мирела Јабанџиева (Бугарија).

Гала концертот, како и сите концерти и натпревари во рамките на фестивалската програма, ги водеше Миланка Рашиќ, која е и дел од организацијата на фестивалот.

Извонредно талентираните учесници, мастер класовите, врвните музички имиња во жирито,како и запознавањето на странските учесници со Струга, Вевчани, Охрид го направија ова фестивалско издание на „Езерски бисери“ едно од најуспешните досега.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП