2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија повеќе не зависи од нафтата

Русија повеќе не зависи од нафтата

eko rus3

Русија повеќе не зависи од нафтата, при што бројките покажаа дека пулсот на руската економија посилно чука, оценија економските аналитичари.

Рускиот бруто домашен производ (БДП) е намален 0,6 отсто во вториот квартал, што е напредок во однос на 1,2 отсто, колку што БДП-то на оваа земја падна во првите три месеца оваа година.

Рускиот министер за развој и економија, Алексеј Уњукајев, соопшти дека руската економија ќе расте во блиска иднина, што покажува динамиката на растот во индустриското производство.

Најбавен раст е забележан во јуни, од 0,5 отсто, на што влијаеле сезонските фактори, како евтините земјоделски производи, но и помалата побарувачка на јаглен и гас.

Министерството за финансии оцени дека економијата ќе расте доколку продолжат позитивните трендови во надворешното економско опкружување до крајот на годината.

Економистите на Bloomberg сметаат дека Русија конечно излегува од својата најдолга рецесија во последните 20 години.

Во Русија подобро се работи, расте побарувачката за струја, се зголемува обемот на железничкиот и товарниот превоз, што зборува за тоа дека пулсот на руската економија почнува да чука засилено.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП