9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрекин на патниот правец Скопје - Брод поради одрон

Прекин на патниот правец Скопје – Брод поради одрон

odroni 3555

Патниот правец Скопје – Македонски Брод преку Јасен и во петокот попладне е во прекин поради големи одрони на патот. Екипите на Македонија пат работат на расчистување, изавстуваат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Возачите се предупредуваат на зголемена препазливот на Обиколницата Скопје, на којашто минатата сабота во силното невреме настрадаа повеќе лица, е пуштена за сообраќај во двата правца, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Од петокот на сила е вообичаената забрана за движење на тешки товарби возила на државните патишта низ земјата. Од 01.07.2016 година (петок) почнува со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 31.08 на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Временските интервали се следни: петок : 17:00 – 22:00 часот, сабота : 09:00 – 18:00 часот и недела : 09:00 – 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе,хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со Јавното претпријатеи за државни патишта.

Забрана за тешки товарни возила има на магистрален пат А2. Од 01.07.2016 година (петок) почнува со примена времениот режим на сообраќај во летниот период од 01.07 до 01.09 на магистрален пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите.
Временските интервали се следни:
петок : 15:00 – 22:00 часот,
сабота : 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот и
недела : 07:00 – 22:00 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП