18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМајки, деца и неподвижни да се преселат од поплавените куќи за полесно...

Мајки, деца и неподвижни да се преселат од поплавените куќи за полесно чистење

mn

Шест дена по катастрофалното невреме, што предизвика поплави во Стајковци се работи на расчистување на куќите и дворовите, а за да се заврши поуспешно работата министерот за труд и социјална политика. Диме Спасов, кој е и координатор на ова место, апелира да се иселат мајките, децата и неподвижните лица.

Во петок се вади калта, сметот, уништените материјали од домовите, а почнат е и процесот на дезинфекција.

На речиси една четвртина од поплавената површина во текот на вчерашниот ден е извршена дезинфекција во Стајковци и дека се очекува околу три четвртини да бидат завршени во петок. Со дезинфекција се продолжува и во сабота.

„Тој процес не е едноставен, имаме континуирано чистење на улиците, бидејќи отпадот од домовите се префрла во дворовите, од дворовите на улиците и тука механизацијата е целосно посветена со голем фокус на улиците што беа најпоплавени куќите и домаќинствата кои беа најоштетени“, изјави денеска Спасов.

Треба да се почитува и препораката на Владата сите деца до 13 години, бремени жени, децата со своите мајки и стари неподвижни лица времено да се преселат кај роднини и кај пријатели надвор од ова населено место со цел да може полесно да се исчисти теренот.

„Така целата оператива, целата механизација, сите работници кои се дојдени систематски да пристапиме кон чистење на теренот, како и процесот на дезинфекција непречено да продолжи, бидејќи е полесно и поедноставно кога координирано ќе се настапи во соработка со припадниците на војската, на полицијата и сите луѓе кои се тука присутни, и волонтери и работници“, додаде Спасов

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП