2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемена побарувачката за злато

Зголемена побарувачката за злато

zlato kilo 333

Побарувачката за злато скокна во второто тромесечје откако инвеститорите побараа сигурни засолништа, за да се заштитат од глобалните превирања, вклучувајќи го и Brexit, објави Светскиот совет за злато (WGC).

Вкупната побарувачка за злато изнесувала 1,05 илјади тони во периодот од април до јуни, што е скок од 15 отсто во однос на вториот квартал минатата година.

Со тоа побарувачката за „жолтиот метал“ во првата половина на годината достигна 2,34 илјади тони, второ највисоко ниво за тој период, што не е далеку од рекордните 2,37 илјади забележани во 2013 година.

„Инвеститорите трагаа за диверзификација на ризиците и сигурно зачувување на вредностите на инвестициите во фокусот на продолжувањето на политичката, економската и социјалната нестабилност“, наведе лондонската канцеларија на WGC.

Инвестициската побарувачка скокна 141 отсто, на 448 тони во вториот квартал, додека во првата половина на годината се искачи на рекордните 1,06 илјади тони, стимулирана од растот на цените на златото.

Побарувачката за накит потона 14 проценти, на 444 тони, со остар пад на клучните пазари во Кина и Индија, а намалени се и купувањата на централните банки.

Инвеститорите исклучително го ценат златото како сигурно засолниште за зачувување на вредноста на своите инвестиции во време на засилени геополитички и економски потреси.

Цените на златото скокнале за четвртина во првата половина на годината, додава WGC, но не го прецизира номиналниот износ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП