5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБанкарите, трговците и брокерите на Волстрит со помали бонуси

Банкарите, трговците и брокерите на Волстрит со помали бонуси

wall stre 33

Банкарите, трговците и брокерите на Волстрит ќе се соочат со значително намалување на нивните бонуси, се наведува во извештајот на консултантската куќа Johnson Associates.

До крајот на годината бонусите ќе паднат од пет до 15 отсто за инвестициските банкари кои работат како советници на спојувања и аквизиции, се наведува во извештајот. Тиe до сега најмногу заработуваа.

Банкарите кои им помагаат на компаниите да го подигнат својот капитал и да го санираат долгот, веројатно ќе загубат и до 25 отсто од своите бонуси.

Трговците на берзите и оние што се занимаваат со тргување со обврзници ќе добијат намалување од 15 отсто.

Инаку банките се подготвуваат и да ги намалат основните плати на своите работници. City group, Bank of America и Goldman Sachs  веќе го намалија бројот на вработени со цел одржување на нивото на профит.

Ним наскоро ќе им се придружат и JP Morgan Chase и Morgan Stanley.

Аналитичарите оценуваат дека ова е тешка година за банкарството. Во прилог на тоа оди и фактот дека спојувањата и аквизациите во тој сектор годинава биле во пад. Brexit исто така внесе несигурност и се очекува неговото влијание врз финансискиот сектор, од што најмногу стравуваат банкарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП