18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТековно одвивање на сообраќајот, внимателно возење по скопската обиколница

Тековно одвивање на сообраќајот, внимателно возење по скопската обиколница

obikolnica335

Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правци, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.

Патниот правец Скопје – Македонски Брод преку Јасен е во прекин поради големи одрони на патот. Екипите на Македонија пат работат на расчистување.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП