24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалните институционални инвеститори се заинтересирани за имотите

Глобалните институционални инвеститори се заинтересирани за имотите

imott 66

Речиси четири петтини од глобалните институционални инвеститори планираат да ја зголемат изложеностите кон секторот на недвижностите во наредните две години. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето на „Aquila Capital“, цитирано од онлајн изданието „property-magazine.eu“.

Речиси 40 отсто од испитаниците позитивно или многу позитивно се настроени за изгледите пред имотните средства.

Во моментов вкупно 87% од институционалните инвеститори во светот се насочуваат кон вложувања во имот. Нивната просечна изложеност кон секторот е 11% од портфолијата. Речиси две третини од инвеститорите, кои се фокусирале на првокласни средства, се со изложеност во износ од околу една третина од портфолијата.

Вкупно 15% од испитаниците изјавиле дека се заинтересирани за можностите за опортунистички инвестиции во недвижнини.

И покрај ентузијазмот, инвеститорите имаат и некои стравувања за изгледите пред секторот на недвижности во Европа. Речиси половина од испитаниците стравуваат од влијанието на актуелната економска несигурност, а 43% сметаат дека цените на активата речиси го достигна својот максимум.

Една третина од институционалните инвеститори стравуваат од пад на приносот од средствата, а 22% – од геополитичките тензии и заканата од терористички напади.

Експертите посочуваат дека особено голем потенцијал за инвеститорите има шпанскиот станбен сектор. Затоа и многу институционални инвеститори ги засилуваат изложеностите во клучните градови, како Барселона и Мадрид.

Институционалните инвеститори се заинтересирани уште и од можностите кои обезбедуваат колективните фондови, специјалните инвестициски фондови, како и директните инвестиции во недвижнини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП