3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКока-Кола со намален профит

Кока-Кола со намален профит

coca cola2

Нето профитот на најголемата светска компанија за производство на безалкохолни пијалоци, Кока-Кола, потона во првиот квартал од оваа година.

Падот на профитот е резултат од малата продажба на клучните пазари во Европа и САД, како и на трошоците за реструктуирање на бизнисот.

Нето профитот за првиот квартал се намалил за 14,8 проценти, на 1,75 милијарди долари, во споредба со 2,05 милијарди долари од истиот период од минатата година, се наведува во соопштението на компанијата.

Приходите од работењето се намалени за еден процент, на 11,04 милијарди долари, профитот од работењето е намален за четири проценти, на 2,41 милијарди долари, додека заработката по акции е намалена за шест центи на 39 центи.

Оперативниот профит во Северна Америка е намален за 24 проценти, како последица од инвестициите во тековната програма за продуктивност и реинвестирање.

Продажбата во Латинска Америка е зголемена за четири проценти, до ниво кое ја надмина продажбата во Европа, каде што беа забележани лоши резултати поради тековната рецесија.

„Компанијата уште еднаш постигна солиден раст, и покрај неизвесната ситуација во која се наоѓа глобалната економија“, изјави извршниот директор на Кока-Кола, Мухтар Кент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП