9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрансакциите со лоши кредити во Европа во првото полугодие се повеќе од...

Трансакциите со лоши кредити во Европа во првото полугодие се повеќе од оние за 2015-та

evri335

Од почетокот на годината до 30-ти јуни трансакциите со лоши кредити во Европа веќе се повеќе од оние за целата 2015-та година. Растот е стимулиран од обидите на италијанските банки да го прочистат билансот, посочуваат од консултантската компанија „Deloitte LLP“, цитирана од „Bloomberg“.

Во првото полугодие банките договорија зделки вредни 112 милијарди евра во споредба со 104,3 милијарди евра за целата мината година.

Износот ги вклучува завршени и договорените продажби на надзорните кредити и нестратешките средства.

Продажбата на кредити во Италија изнесува 11,4 милијарди евра во првото полугодие, а трансакции за уште 40,6 милијарди евра се на пат да бидат договорени.

Владата на земјата се обидува да им помогне на банките да се справат со надзорните долгови во висина од 360 милијарди евра, во обид да заживее кредитирањето и економскиот раст.

Лошите кредити во Италија се уште се огромни во големина, коментира шефот во „Deloitte“ Дејвид Едмондс.

„Сепак италијанската влада го зголеми своето присуство на пазарот на надзорни кредити и презеде важни чекори да се осигура дека останува отворен за инвеститорите“, додава тој.

Во Велика Британија продажбата на лоши кредити се само 900 милиони фунти наспроти 39,9 милијарди фунти за целата 2015-та година поради несигурноста предизвикана од референдумот за напуштање на ЕУ.

Трансакцитие можат да се зголемат до крајот на годината, бидејќи државната „UK Asset Resolution Ltd.“ може да е клучен продавач, вели Едмондс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП