5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВо Henkel се оптимисти за целата година

Во Henkel се оптимисти за целата година

henkel3999

По добрите резултати во второто фискално тримесечје, новиот извршен директор на „Henkel“, Ханс Ван Бојл гледа со поголем оптимизам за иднината и ја зголемува прогнозата за добивка за целата година.

„Веќе очекуваме приспособеното враќање на продажба (EBIT маргина) да надмине 16,5%“, изјави Белгиецот. Досега компанијата очекуваше таа да е до таа граница.

Генерално „Henkel“ забележа повисока добивка и пониски приходи во однос на очекувањата.

Приходите на производителот на „Pritt“ и „Persil“ и на шампоните „Schwarzkopf“ се намалуваат во кварталот поради послабите валути на некои пазари во развој со 0,9 отсто до 4,65 милијарди евра. Без да се земат предвид девизните ефекти и превземањата, „Henkel“ забележа раст од 3,2 отсто. Приспособениот оперативен профит (Ebit) се зголемува со 6,6 отсто до 819 милиони евра, а маргината достигнува 17,6 отсто.

Аналитичарите очекуваа приходи од 4,67 милијарди евра и профит од 786 милиони евра.

Особено силно се поднесува единицата за детергенти каде оперативната поврат е 8,4 отсто. Германската компанија со ова веќе го засили овој бизнис, откако го купи во јуни американскиот производител на детергенти „Sun Products“ за 3,6 милијарди евра. Со оваа трансакција „Henkel“ станува втор по големина производител на северноамериканските пазар, појаснува сега Ван Бојл. Со договорот се менуваат и соодносите на приходите во самиот концерн. Ако досега детергентите генерираа 30% од приходите, по договорот веќе ќе се 33%.

На овој начин „Henkel“ ја намалува зависноста од бизнисот со лепила, кој е особено зависен од севкупниот економски развој. Во вториот квартал во таа единица се забележува опаѓање на приходите, а во Азија поради слабиот раст на кинеската економија приходите се пониски од минатогодишното ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП