23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавните расходи за облак услугите ќе достигнат 195 милијарди долари до 2020-та

Јавните расходи за облак услугите ќе достигнат 195 милијарди долари до 2020-та

cloud-computing-laptop-smartphone-tablet

Во 2020-та година на глобално ниво јавните расходи за облачни услуги ќе достигнат 195 милијарди долари, тврди во свое истражување „IDC“. На овој начин овој софтвер ќе генерира над една четвртина од приходите од софтверите, како целина.

За оваа година аналитичарите очекуваат јавните расходи за облачни услуги да достигнат 96,5 милијарди долари, што значи дека за четири години се очекува повеќе од удвојување. Ова одговара на просечна височина од 20,3 отсто за секоја година до 2020-та година.

Софтверните случувања во облакот ќе расте во следните пет години три пати побрзо од софтверскиот пазар како целина, очекува аналитичарот од „IDC“, Бенџамин МакГрат. Најголем пазар ќе биде САД, на кој ќе се паѓаат две третини од трошоците, проследен од Западна Европа и Јапонија. И во Латинска Америка и Азија за следните пет години се очекува раст од над 100%.

За нивната анализа „IDC “ има испитувано 20 индустрии во осум региони и 54 земји. Аналитичарите стигнуваат до заклучок дека производствениот сектор, банките и вработените во слободните професии напредуваат во користењето на такви услуги. Најсилен раст на приходите сепак успеваат да постигнат секторите медиуми, телекомуникации и трговија.

Облачните услуги опфаќаат различни услуги и решенија кои можат да се добијат, трансферираат, создавањаат и се задржуваат во реално време преку интернет. На пример секој пат кога ќе зачувувате слика онлајн или споделите нешто во сајтовите на социјалните мрежи, вие де факто користите облачни услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП