20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКуба годинава ја посетиле над два милиона туристи

Куба годинава ја посетиле над два милиона туристи

kuba 3353

Куба оваа година ја посетиле повеќе од два милиона туристи, соопшти министерот за туризам мануел Мареро.

„Бројот на странски туристи на Куба во првата половина на годината порасна 12 отсто во однос на истиот период лани“, рече Мареро.

Растот на бројот на туристи се припишува на зголемениот меѓународен интерес за Куба по олабавувањето на односите меѓу САД и Куба, во декември 2014 година.

Се очекува и дополнително зголемување на бројот на туристи, откако ќе стартуваат комерцијалните летови од САД.

„Куба очекува оваа година да има 3,8 милиони туристи“, наведе Мареро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП