21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈСП ќе превезува граѓани кои сакаат да помогнат на поплавените

ЈСП ќе превезува граѓани кои сакаат да помогнат на поплавените

bus

Сите граѓани кои сакаат да помогнат во расчистувањето на поплавените домови и улици во скопско, може да се превезат до таму организирано со автобуси на ЈСП.

Поаѓањето на автобусите на ЈСП Скопје кои превезуваат волонтери за помош во поплавените подрачја во Скопје ќе поаѓаат во 9, 12 и 15 часот од следните локации:

Ѓорче Петров – пред црквата Св. Петар и Павле; продолжува кон Карпош – спроти City Mall; продолжува кон Центар – Југодрво, потоа кон Хотел Континентал (Спроти Општина Гази Баба) и продолжува кон крајната точка.

Кисела Вода – пред општина Кисела Вода, продолжува кон Аеродром – на бул. Србија пред ОКТА и продолжува кон крајната точка.

Бутел – пред стара општина Бутел, продолжува кон црква Св. Јован  и продолжува кон крајна точка  е Обиколница (Пункт накај Стајковци).

Последното враќање е во 19 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП