24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВодата во поплавените региони може да се пие

Водата во поплавените региони може да се пие

voda cesma 3433

Водата за пиење од водоводната мрежа во поплавените подрачја во скопскиот регион е исправна за пиење потврдуваат од Институтот за јавно здравје по направените лабораториски испитувања.

Жителите од населбите Ченто, Сингелиќ – Економија, Сингелиќ, Црешево, Стајковци и Смилковци може да ја пијат водата.

„Се уште нема вода во Арачиново, поради ниската кота на местото кај Белви и мора внимателност“, вели проф. д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје.

На терен и Центарот за јавно здравје почна со дезинфекција во поплавените подрачја каде е исчистено од кал и површините се суви.

Професор Кочубовски апелираше до жителите и до сите оние кои работат на чистење на терен, да бидат внимателни да користат ракавици, чизми, заштитни маски.

„Најдобро е белеење со вар, најдобра дезинфекција, секако од како ќе се исчисти од кал и ќе се исуши. Сите работи кои не можат да се исчистат, да се фрлат“, порача проф. д-р Михаил Кочубовски.

Им препорача на жителите доколу имаат дијареја и повраќање да отидат на лекар, а да избегнуваат јадење зеленчук и загадена храна од поплавените подрачја.

Засега нема пријавени на заразни и други заболувања, објаснија од Институт.

Од центарот за јавно здравје објаснија дека на терен ќе се врши и прскање против комарци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП