Берзанските индекси на Волстрит во среда паднаа од рекордните вредности, што најмногу е последица на падот на цените во енергетскиот сектор заради поевтинувањето на нафтата.
Dow Jones ослабе 0,2 отсто на 18.495 бодови, додека S&P 500 се лизна 0,29 отсто на 2.175 поени, а Nasdaq индексот 0,4 отсто на 5.204 бодови.
И на повеќето европски берзи цените на акциите паднаа. Лондонски FTSE индексот зајакна 0,22 отсто, на 6.866 бодови, додека франкфуртски DAX се лизна 0,39 отсто на 10.650 поени, а париски CAC 0,36 отсто на 4.452 бодови.
На американската берза барелот нафта поевтини речиси еден отсто, на 41,3 американски долари, по вестите дека резервите на нафта во САД минатата недела неочекувано пораснале, додека производството во Саудиска Арабија во јули достигна рекордни вредности.