2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОвие 20 држави поседуваат 79% од златото во светот

Овие 20 држави поседуваат 79% од златото во светот

zlato 3995

Вкупните златни резерви на сите земји во светот, според податоците од август на Светскиот совет за злато, изнесуваат 32.803 тони, а земјите од еврозоната, вклучувајќи ја „ЕЦБ“, поседуваат 10.786 тони златни резерви.

Податоците покажуваат дека 20-те земји со најголеми златни резерви денес поседуваат вкупно 25.923 тони злато, што претставува 79.03 отсто од вкупните резерви од благородниот метал.

Најбогатите држави со злато – вкупно седум на број, поседуваат над 1.000 тони од металот во резервите. Лидер е САД со 8.133 тони, а потоа следат Германија со 3.378 тони, Италија и Франција со 2.451 и 2.435 тони. Двете земји кои купуваа најмногу злато во последните месеци – Кина и Русија, располагаат со соодветно 1.828 и 1.498 тони злато, а Швајцарија има 1.040 тони.

Златните резерви на Кина на крајот на јули се проценети на 78.89 милијарди долари, или за 2% повеќе во однос на 77.4 милијарди долари на крајот на јуни, информираа неодамна од „Bank of China“. Земјата започна да објавува податоци за своите златни резерви во јуни минатата година, откако престана со обезбедувањето на слични информации од 2009-та година. Оттогаш златните резерви на земјата забележаа раст од 7,3 отсто. Дел од аналитичарите се скептични за податоците од централната банка на Кина, поради тоа што сметаат дека земјата не ги објавува сите резерви на злато. Со сегашните стапки на купувања за 3-4 години Кина ќе ги надмине Италија и Франција и ќе ја заземе третата позиција меѓу најголемите имателите на злато во светот.

Во рангирањето, но со помалку од 1.000 тони, се уште Јапонија, Холандија и Индија, додека Турција се рангираше на 11-та позиција. Топ 20 се дополнува со Тајван, Португалија, Саудиска Арабија, Велика Британија, Либан, Шпанија, Австрија, Казахстан и Белгија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП