5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК и додели на Бугарија 29,9 милиони евра за изградба на нов...

ЕК и додели на Бугарија 29,9 милиони евра за изградба на нов електроенергетски вод

dalnovodi 355

Европската комисија (ЕК) додели 29,9 милиони евра за изградба на нов електроенергетски вод со должина од 140 километри меѓу Добруџа и Бургас во Бугарија.

„Поддршката што ЕУ и ја пружа на Бугарија ќе придонесе кон јакнење на безбедноста на снабдувањето со електрична енергија, вклучување на енергијата од обновливите извори во пазарот на електрична енергија и ќе ја зголеми идната берза на електрична енергија со оглед на очекуваното производство на ветроелектраните во Грција и фотонапонските системи во јужна Бугарија“, порачуваат од ЕК.

Од Брисел сметаат дека со овие проекти ќе се обезбеди голема полза за најмалку две држави членки, ќе се зголеми сигурноста во снабдувањето, ќе се придонесе за интеграција на пазарот и понатамошен развој на пазарниот натпревар, како и во смалувањето на емисијата на јаглерод диоксид.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП