9 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААкциите на Макпетрол најтргувани...

Акциите на Макпетрол најтргувани…

mk berza224

Со промет од 3,5 милиони денари акцијата на Макпетрол беше дефинитивно најбарана.

Значајни 71,8% од вкупниот промет при што 140 лотови се истргуваа по цена од 25.173,13 денари. За колкав волумен на тргување станува збор може да согледа ако се има во предвид податокот дека во последните 12 месеци просечната дневна количина која се тргувала е 18 лотови.

Во останатиот дел од тргувањето немаше промет над милион денари со ниту една хартија, при што треба да се издвои големиот обем на тргување и со акцијата на РЖ Макстил (количина 8300 лотови, цена 44 денари). Обврзниците и денес изостанаа од редовното тргување.

Индексот МБИ10 порасна за 0,21% и моментало изнесува 1.871,65 индексни поени, додека вкупниот промет изнесуваше 4,9 милиони денари и се оствари во 48 трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП