7 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина има намера да ја зголеми употребата на јуанот на глобален план

Кина има намера да ја зголеми употребата на јуанот на глобален план

yuan_strength222

Народната банка на Кина ги најави своите планови да ја зајакне улогата на јуанот на глобален план, така што ќе оствари поголема соработка со други земји, а исто така и подобрувања во инфраструктурата потребна за воспоставување на пошироката употреба на валутата.

Плановите беа откриени во кратко соопштение објавено на страницата на централната банка, пишува „Bloomberg“.

Изјавата влијае на претстојниот годишен извештај на фискалниот регулатор во однос на глобализацијата на јуанот, но во него не се кажува кога самиот извештај ќе биде објавен. Изјавата доаѓа речиси една година по спроведената девалвација на јуанот од страна на Кина, која ја поднесе мешаницата на глобалните пазари во минатиот август.

Во јуни уделот на плаќања извршени во јуани на глобално ниво, падна до најниската вредност од 2014-та година – 1.72 проценти.

Во исто време депозитите во кинеската валута во Хонгконг се намалија до најниските нивоа по три години. Кинеската банка уште ги објави своите намери да започне со подобрувања во инфраструктурата, обезбедување интернационализацијата на јуанот, зголемување на прекуграничната употреба на платниот биланс и да се прошират каналите за финансирање со кинеската валута.

Во соопштението не се споменува како банката смета да ги постигне овие цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП