27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во еврозоната повторно бележи пад

Инфлацијата во еврозоната повторно бележи пад

inflacija1

Инфлацијата во еврозоната во март повторно забележа пад на 1,7 проценти, што е под зацртаната цел на Европската центална банка.

Грција во март навлезе во дефлационата територија, откако индексот на потрошувачките цени беше намален за 0,2 проценти на годишно ниво, за прв пат од мај 1968 година, пренесува агенцијата АФП.

Инфлацијата во еврозоната во март значително се намали во однос на 2,7 проценти кои беа забележани во истиот период минатата година.

Деталните податоци, сепак, укажуваат на големи разлики меѓу земјите, па така, инфлацијата во Германија се зголеми на 1,8 проценти, додека инфлацијата во Франција стагнираше на 1,1 процент.

Италија ја забележа истата стапка како и Германија, ослабената Шпанија забележа стапка на инфлација од 2,6 проценти, додека инфлацијата во Кипар се намали од 1,8 проценти на 1,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП