17 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанскиот банкарски сектор останува без 16.000 работници до 2020 година

Италијанскиот банкарски сектор останува без 16.000 работници до 2020 година

uni

Дополнителни 16 илјади работни места ќе бидат угаснати во италијанскиот банкарски сектор до 2020 година, соопшти генералниот секретар на синдикатот на банкарските работници, Фаби, Ландо Мариа Силеони.

Тој рече дека укинувањето на работните места е дел од договорот што синдикатите го потпишаа во последно време со работодавците во рамки на  плановите во тој сектор.

„Околу девет илјади од вкупниот број на работни места предвидени за гаснење, ќе бидат укинати со потенцијално предвремено пензионирање“, прецизираше Силеони.

Според неговите зборови, од 2013 година до март оваа година од италијанските банкарски групи си заминале речиси 12 илјади вработени.

Најголемите италијански банки, вклучително и Intesa, UniCredit, Monte dei Paschi di Siena, Banco Popolare и UBI затвориле или продале 4,4 илјади ограноци меѓу 2009 и 2015 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП