21 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕВН Македонија ги приклучува граѓаните од најпогодените подрачја

ЕВН Македонија ги приклучува граѓаните од најпогодените подрачја

aaa

Најпогодените населени места од големото невреме во скопскиот регион добиваат електрична енерегија. Екипите на ЕВН Македонија под напон ги ставаат трафостаниците во селата Стајковци, Смиљковци, Инџиково, Сингелиќ, Економија, како и населбите Ченто, Илинден и др. Се приклучува трафостаница по трафостаница и корисник по корисник со цел да се избегнат несакани последици по животот и имотот на граѓаните.

Се апелира до граѓаните да ги спуштат надолу осигурувачите ако имаат нови спратни табли или да ги извадат осигурувачите ако имаат од постариот тип на спратни табли. Ова мора да се почитува за да се избегнат несакани последици бидејќи во домовите има мокри ѕидови и влажни електрични апарати и кабли. За да се избегнат несреќи од ваков вид граѓаните да не преземаат ништо на своја рака и да бидат во целосна координација со екипите на ЕВН Македонија.

Делот од населените места каде немаше големи поплави веќе е под напон, освен одредени улици каде проводниците и трафостаниците сеуште се под вода. Во кризниот регион под напон се над 10 000 корисници. Без напон може да останат само местата каде не е безбедно да се пушти напон и корисниците кои сами не сакаат да бидат приклучени додека не ја санираат внатрешната инсталација.

aaa

Интензивно се работи и на оспособување на уличното осветлување во критичните региони за екипите кои ги расчистуваат шутот и водата од домовите и улиците да може да работат и во ноќните часови.

Екипите на ЕВН ќе останат постојано на терен во најкритичниот регион со над 80 електромонтери, вклучувајќи и надворешни фирми партнери на ЕВН со кои ќе работат заедно со полицијата, војската, волонтерите и другите јавни претпријатија на расчистување на последиците од невремето.

aag

Во претходинте денови ЕВН Македонија донираше агрегати со чија помош се обезбеди осветлување за една амбулнта и други специфични објекти во кризниот регион, а донираше и парични средства на жиро сметката на Црвениот крст за помош на граѓаните од поплавените подрачја во скопскиот и тетовскиот регион.

abb

acc

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП