10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоординативен донаторски состанок во СЕП

Координативен донаторски состанок во СЕП

sostanok sep 435

Координативен донаторски состанок, во врска со катастрофалните поплави кои се случија изминатиот викенд во скопско, се одржа во денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања.

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Арбр Адеми, го водеше состанокот, а свои обраќања имаа и Никола Тодоров, Заменик претседател на Владата и министер за здравство, Кирил Миноски, Министер за финансии, Илија Исајловски, Заменик министер за надворешни работи, како и Луиза Винтон, Постојан координатор на ООН и постојан претставник на УНДП како и Мартин Клауке, раководител на сектор за соработка во Делегацијата на ЕУ во Скопје.

Вицепремиерот Адеми посочи дека целта на состанокот е да се искористи максимално потенцијалот за финансирање од страна на донаторите со координиран пристап за насочување на помошта и ги истакна првичните дефинирани приоритети за насочување на помошта за реконструкција и поправка на оштетените куќи и други значајни објекти, поправка на инфраструктурата и мерки за понатамошна заштита помош за МСП, и за оштетените фарми и санација на земјоделското земјиште, како и директна помош за институциите за заштита.

Беше нагласено дека во оваа фаза проценките на штетите се многу индикативни, но се работи на нивно допрецизирање. Адеми информираше и дека е активиран Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, преку кој се направени сателитски снимки на теренот, а веќе на терен се и нивни експерти за проценка на првичните потреби за населението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП