1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо следните две години Иран очекува нафтени договори од 25 милијарди долари

Во следните две години Иран очекува нафтени договори од 25 милијарди долари

iran-oil333

Иран очекува странски нафтени компании да потпишат договори во вредност од 25 милијарди долари во наредните една или две години според нов модел на договори, одобрен минатата недела. Тоа го коментира директорот на „National Iranian Oil Co.“ (NIOC) Али Кардор, цитиран од „Bloomberg“.

Преку аукции државниот енергетски производител планира да добие официјални предлози за потпишување на договори за период од шест месеци до една година, за да се развијат неколку нафтени и гасни полиња, соопштува новинската агенција.

„NIOC“ идентификуваше 34 странски компании како потенцијални кои ќе учествуваат во тендерите. Покрај тоа „NIOC“ бара инвестиции под веќе постоечките модели.

На 3-ти август Иран одобри нов модел на договори во обид да привлече странски инвестиции и технологии, за да заживее енергетската индустрија, најголемиот сектор на економијата.

Владата се надева дека странските компании ќе инвестираат најмногу 50 милијарди долари годишно во нафтената индустрија на Иран. Водечките нафтени европски компании од рангот на италијанската „Eni SpA“ и француската „Total SA“ изразија интерес за развојот на иранските нафтени и гасни полиња.

„NIOC“ има зацртано 12 до 13 полиња како приоритетни за првиот круг од инвестиции, посочува Кардор, но без да споменува кои и каде се.

Минатата недела нафтениот министер Биџан Намдар Занганех коментираше дека иранските приоритети треба да бидат насочени кон заеднички развој на нафтените и гасни полиња.

Според новиот договорен модел меѓународните нафтени компании треба да формираат заедничко вложување со ирански партнер. Владата одобри осум ирански компании за истражување и екстракција како соодветни партнери, а Кардор рече дека нивниот број може да се зголеми.

Иран веќе успеа да го исполни ветувањето да го зголеми пазарниот удел кој го загуби поради санкциите наметнати поради нуклеарната програма.

Иран го зголеми производството на сурова нафта до 3,85 милиони барели на ден, соопшти новинската агенција „Fars“, која се повикува на коментари на Занганех направени пред парламентот. Волуменот би бил најголем од декември 2008-ма година, покажуваат податоците на „Bloomberg“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП