2 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАДПМ ги повикува своите членови да донираат книги за помош на настраданите...

ДПМ ги повикува своите членови да донираат книги за помош на настраданите во поплавите

drustvo pisateli 335

Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) испраќа јавен повик до своите членови да донираат книги за помош на настраданите во поплавите во Скопје.

„Донирањето книги е скромен материјален, но важен морален чин во овие тешки денови за настраданите во поплавите, но и за сите граѓани во земјата“, се вели во соопштението на македонската писателска асоцијација.

ДПМ ги повикува и издавачките куќи во Република Македонија да го прифатат апелот и да дадат свој влог во оваа акција.

Друштвото на писателите е отворено и подготвено да учествува и со други форми кои ќе можат да ја ублажат болката на настраданите.

Со овој повик ДПМ ја поддржува иницијативата на волонтерите од ФБ-групата за помош на настраданите во поплавите во Скопје и ги упатува своите членови книгите да ги донираат на пунктот во „Сити Мол“, на кој од утре, со почеток во 10 часот, писателите ќе можат да им ги потпишуваат книгите на заинтересираните граѓани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП