28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАТерористичките организации се повеќе го насочуваат финансирањето кон Југоисточна Азија

Терористичките организации се повеќе го насочуваат финансирањето кон Југоисточна Азија

tero3

Терористичките групи, како ИСИС се повеќе насочуваат финансиски средства кон Југоисточна Азија, за да ги финансираат терористички активности.

Извештај со оценка на регионалниот ризик, подготвен од Индонезија, Малезија, Сингапур, Тајланд, Филипини и Австралија, предупредува уште дека употребата на добротворни и невладини организации за поддршка на тероризмот се засилува, соопштува „Bloomberg“. Според оценката на Агенцијата за финансиско разузнавање на Индонезија – „PPATK“, странски средства од над 763.000 долари влегле во земјата меѓу 2014-та и 2015-та година, за да го финансираат тероризмот.

„Со оглед на не толку големите износи кои се потребни за спроведување на смртоносен напад, дури скромното финансирање од странски терористички групи создава значителен ризик за безбедноста на регионот“, се вели во оценката. „Прекуграничните движења на пари е најризичниот метод за пренесување на терористички средства во регионот“.

Според оценката, порозните копнени и блиските морски граници им овозможуваат на екстремистите и терористичките мрежи во различни делови од регионот лесен прекуграничен трансфер на финансиски средства, додавајќи дека слабиот надзор над шверцуваните пари го влошува проблемот.

Самитот во Бали за борба против финансирањето на тероризмот, на која присуствуваат министрите за одбрана на над 20 земји, вклучувајќи ги САД, Индија, Велика Британија и Кина, е првата ваква голема средба по нападите во Франција, Германија, САД и Индонезија. Самиот град Бали беше мета на терористички напад во 2002-ра година, во кој загинаа над 200 лица.

Според Скот Стјуарт, потпретседател за тактичка анализа во американската компанија за безбедност „Stratfor“, иако регионалната терористичка закана е намалена по нападите во Бали, „клетките“, способни да извршат напади кои се мали по обем, остануваат проблем.

Иако не е потребно многу за да се оствари мал напад, вели тој, дел од ограничувањето на оваа закана е следење на финансирањето.

„Ако се дозволи парите да влезат слободно, тоа ќе им даде многу поголема слобода не само да плаќаат платеници, туку и да поткупат официјални лица за стекнување на материјали потребни за бомби, да купуваат автомобили, скривалишта и друго. Навистина е важно овие готовински текови да бидат максимално ограничени“, рече Стјуарт.

Извештајот повикува на подлабока соработка во разузнавањето и за заздравување во локални и регионални рамки, за да се поддржат напорите за борба против финансирањето на тероризмот. Тој предупредува уште дека е тешко малите суми испратени како трансфер на пари, да се разликуваат од обичните трансакции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП