17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕП во фудбал не ја поддржа угостителската индустрија во Париз

ЕП во фудбал не ја поддржа угостителската индустрија во Париз

ajfel353

Европското првенство во фудбал не му помогнало на хотелскиот бизнис во Париз, покажуваат податоците на компанијата „HotStats“, цитирани од онлајн изданието „property-magazine.eu“.

Во јуни вработувањето во хотелите во главниот град на Франција се намалува за 16,7% на годишна основа, а приходите од соба се намалуваат со 11,5%, и покрај организирањето на првенството.

Падот се објаснува со одливот на туристи по терористичките напади од ноември 2015-та година. Уште пред нив сепак хотелите во Париз страдаа од пад на вработеноста.

Од почетокот на годината приходите од хотелска соба во градот се намалуваат за 44,4% до 51,95 евра, покажува статистиката.

Ситуацијата е радикално различна во споредба со Милано, кој минатата година беше домаќин на светската изложба „Expo“. Тоа привлече повеќе од 20 милиони посетители од над 150 држави.

Во јуни профитот од соба во хотелите во Милано се намалува за 38,3% на годишна основа, а приходите од соба за 28%. Нивоата сепак се враќаат во нормални нивоа, бидејќи минатата година индустријата забележа рекордни приходи и профит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП