22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПознатиот стар проблем на американската економија

Познатиот стар проблем на американската економија

us invest 00

Двата посилни извештаи за новите работни места во САД покажуваат дека американската економија не се соочува со нов проблем – значителното забавување на растот на новите работни места, како и познатиот стар проблем со речиси стагнираниот раст на продуктивноста на трудот.

Континуираниот низок раст на продуктивноста на трудот во САД веројатно значи дека бизнисите не ги зголемуваат капиталните трошоци, за да го зголемат производството, додека другиот главен производствен фактор – трудот, станува несовесен и скап. Централните банкари од своја страна ќе се надеваат овој тренд ќе престане да се развива, вели во свое истражување тим економисти од „Deutsche Bank“, воден од Доминик Констам.

„Еден од ефектите на ниската продуктивност е од исклучителна важност за ФЕД да ја штити агрегатната побарувачка, особено со намалувањето на стапката за отворање на нови работни места и со приближувањето на нивото на целосна вработеност“, пишува во извештајот на „Deutsche Bank“.

Влегувајќи во вториот квартал од 2016-та година, продуктивноста на трудот на квартална основа оствари раст од само 0,7% за последните 4 периоди, што е далеку под просекот на индикаторот на долг рок, која достигнува 2,2%.

Продуктивноста на трудот во САД неочекувано забележа пад во вториот квартал од 2016-та година. Падот достигнува 0,5% на годишна основа, а во претходниот квартал повторно имаше намалување, тогаш во износ од 0,6%, покажуваат податоците на Министерството за труд.

Економистите очекуваа последните податоци за ефикасноста надвор од земјоделскиот сектор да е еднаков на 0,4% на квартална основа во вториот квартал. Во исто време за зголемување на производството е потребно или да се зголеми продуктивноста на трудот, или да се работи повеќе време, а стареењето за возврат става сопирачка пред темпото на раст на работната сила. Под овие услови недостатокот на раст на продуктивноста на трудот може да ја осуди целата американска економија на застој.

Во овој контекст, одлуките на ФЕД стануваат уште потешки од гледна точка на тоа дека централната банка треба да внимава да не влијае негативно на инвестициите, бидејќи на долг рок растот на инвестициите е предуслов за раст на продуктивноста на трудот. А факторите кои влијаат на тоа се финансиските услови, нивото на каматите, кредитните линии, вредноста на американскиот долар и цените на акциите.

Во моментов, сепак корпоративниот сектор во САД едвај ќе ги зголеми инвестициите во отсуство на силно (глобално) крајно побарување. Од своја страна, работниците се корисници и додека пазарот на трудот останува силен, ФЕД може да си дозволи да ја зголемува каматната стапка постепено. Централната банка, сепак треба да внимава да не влијае негативно на агрегатната побарувачка, што од своја страна може да го потисне уште повеќе растот на продуктивноста на трудот.

Сите овие фактори значат дека каматните стапки во САД ќе останат на пониско ниво за време на тековниот циклус на затегнување, сметаат аналитичарите од „Bank of America Merrill Lynch“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП