10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит благ раст, индексот Nasdaq на рекордно ниво

На Волстрит благ раст, индексот Nasdaq на рекордно ниво

berza 3222

На Волстрит во вторникот, по мирното тргување индексите S&P 500 и Dow Jones се приближија до највисоките нивоа во историјата додека Nasdaq индексот достигна нов рекорд.

Индексот Dow Jones зајакна за 0,02 отсто, на 18.533 поени, додека индексот S&P 500 порасна за 0,04 проценти, на 2.181 поен, а, пак, Nasdaq индексот скокна за 0,24 отсто, на 5.225 индексни поени.

Во мирното тргување во вторникот цените на акциите пораснаа во шест од десетте сектори на S&P 500 индексот, при што најмногу, за околу 0,25 отсто пораснаа цените на акциите во здравствениот и во секторот на производители на стоки за широка потрошувачка.

Тоа е благодарејќи на подобрите отколку што се очекуваа деловни резултати на компаниите. Повеќето компании од составот на S&P 500 индексот го надминаа со своите резултати очекувањата на аналитичарите, но тоа не им беше тешко бидејќи процените беа поставени многу ниско.

И покрај подобрите од очекуваните резултати, заработките на компаниите паднаа во изминатиот квартал, веќе четврто тримесечје по ред, а имајќи ги предвид најавите, заработките би можеле да паднат и во тековниот квартал. Сепак, од почетокот на годинава индексот S&P 500 е во добивка од речиси 7 отсто.

Поддршка на пазарот му даваат надежите дека американската централна банка ќе се воздржи од зголемувањето на каматите, поради недоволно силниот раст на економијата и слабата инфлација, што значи дека ќе продолжи периодот на евтини пари. Од друга страна, другите наголеми централни банки во светот би можеле дополнително да ја олабават монетарната политика, за да го поттикнат растот на националните економии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП