3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија додели 500.000 евра помош за поплавените во Македонија

Австрија додели 500.000 евра помош за поплавените во Македонија

poplava 35353

Австрија ќе додели помош од 500.000 евра на Македонија по поплавите од Фондот за елементарни непогоди во странство, соопштено е денеска во Виена.

Како што појасни министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, парите ќе бидат ставени на располагање на австрискиот и на македонскиот Црвен крст.

Тие треба да се искористат за евакуирање на лицата во привремени престојувалишта.

„Се подразбира дека Австрија како партнер и помага на Македонија. Не смееме да ги оставиме луѓето по ова невреме на цедило“, порача Курц во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП