28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБогатството на основачите на Google со нов рекорд

Богатството на основачите на Google со нов рекорд

bo google 22

Волуменот на заедничкото лично богатство на двајцата ко-основачи на „Google“, Лари Пејџ и Сергеј Брин изнесува 80,9 милијарди долари, поттикнати од растот на цената на акциите на холдингот „мајка“ – „Alphabet“, во кој двајцата имаат значително учество.

Тоа е зголемување за 43 милијарди долари од април 2012-та година, покажуваат податоците на „Bloomberg Billionaires Index“. Богатството на Пејџ е околу 40,89 милијарди долари, додека тоа на Брин е малку над 40 милијарди долари.

Брин и Пејџ ја контролираат „Alphabet“ преку посебна класа акции, која им дава 52 отсто од правото на глас, иако економскиот интерес е само 13,1 отсто.

Лари Пејџ и Сергеј Брин не се единствените технолошки претприемачи, чие богатство расте драстично во последно време – личното богатство на основачот на „Microsoft“, Пол Ален, извршниот претседател на „Alphabet“, Ерик Шмит и Ко-основачот и претседател на „Facebook“, Марк Цукерберг, исто достигнаа нови рекорди кон крајот на минатата недела.

bo google 23

Основачот на „Amazon“, Џеф Безос пак стана третиот најбогат човек во светот со над 65 милијарди долари. Пред Безос во моментов се само двајца луѓе во светот – сопственикот на брендовите „Zara“ и „Massimo Dutti“, Амансио Ортега и основачот на „Microsoft“, Бил Гејтс.

Финансиските резултати на „Alphabet“ кон вториот квартал од оваа година се повеќе од убедливи – приходи од 21,5 милијарди долари или за 21% повисоки од истиот период во минатата година и со 6% повисоки на квартална основа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП