18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: Со колку би биле посиромашни европските држави без главните...

График на денот: Со колку би биле посиромашни европските држави без главните градови?

gl.grad 00

Поранешниот градоначалник на Берлин, Клаус Воверајт пред извесно време го нарече главниот град на Германија „сиромашен, но секси“. Според новото истражување Берлин навистина е единствената голема престолнина во Европа, која врши притисок врз бруто домашниот производ (БДП) по глава на жител на земјата, коментира „Quartz“.

Невладината организација „Cologne Institute for Economic Research“ го истражуваше тоа какво ќе биде влијанието врз БДП-то, ако една земја во Европа мора да се справи без престолнината. Без Лондон, на пример, Велика Британија ќе биде за 11% посиромашна врз база на БДП по глава на жител. Франција ќе загуби 15% од БДП-то на глава на жител, ако остане без Париз, каде што се наоѓаат седиштата на најголемите нејзини компании, како „Total“, „Renault“ и „Peugeot“. Грција, пак, ќе биде со 20% помалку, ако ја нема Атина.

Германија сепак – најголемата економија на Европа, може да се справи без Берлин од финансиска гледна точка: просечниот Германец ќе биде за 0,2% побогат, ако не требаше да го поддржува релативно сиромашниот – „но секси“, град.

Берлин се бори да се врати откако Берлинскиот ѕид падна во 1989-та година и богатата половина на градот се соедини повторно со најсиромашната. Невработеноста во главниот град е повисока од националниот просек, а Берлин добил повеќе државни субвенции од кој и да е друг германски град во минатата година.

Иако Берлин се опишува себеси како центар за технолошки стартап компании и привлекува бројни туристи, Франкфурт останува финансиското срце на земјата. Повеќето германски моќни индустриски брендови пак имаат седишта на други места – на пример Баварија за компании како „BMW“ и „Siemens“.

*Студијата ги вклучува Германија, Италија, Холандија, Шпанија, Австрија, Белгија, Полска, Велика Британија, Шведска, Финска, Данска, Португалија, Чешка, Франција и Грција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП