2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Македонска берза најтргувана акцијата на Алкалоид АД Скопје

На Македонска берза најтргувана акцијата на Алкалоид АД Скопје

mk berza

На Македонската берза во вторникот беше остварен вкупен промет од 6.460.543,77 денари од кој промет над 46,10 отсто беше реализиран со акцијата на Алкалоид АД Скопје.

Вкупната вредност на трансакциите со оваа акција е нешто под три милиони денари, и истргувани 562 акции преку 16 трансакција по просечна цена од 5.300 денари.

Зад неа само уште две акции се најдоа со промет над милион денари, и тоа акцијата на Жито Лукс АД Скопје која во текот на денешниов ден оствари вкупен промет од 1,089 милиони денари и акцијата на Макпетрол АД Скопје со промет од 1,048 милиони денари.

Акцијата на ИЦН Фарм во текот на денот порасна за неверојатни 122,22 отсто, со вредност на трансакцијата од 10 илјади денари со истргувани 500 лотови по цена од 20 денари. Воедно и оваа акција беше предводник на дневната листа на добитници далеку пред останатите.

Наспроти неа, листата на губитници ја предводеше акцијата на Раде Кончар АД Скопје со истргувани вкупно 40 акции по просечна цена од 1.358 денари, и пад од 3 отсто.

Индексот МБИ-10 забележа раст од 0,25 отсто и заврши на 1.867,65 индексни поени, што е нагорна промена за 4,68 индексни поени во однос на претходниот работен ден.

Со обврзниците за денационализација РМДЕН15 се реализираа три трансакции, па така индексот ОМБ забележа пад од 0,16 отсот и заврши на вредност од 126,23 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП