26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките власти подготвуваат листи за одземање на имот на должниците

Грчките власти подготвуваат листи за одземање на имот на должниците

imot grcija 333

Грчките власти подготвиле листи со имоти на големите должници. Средствата ќе им бидат одземени, ако тие не ги исплатат обврските кон државата.

Даночните власти на земјата се надеваат дека оваa мерка е како да се собере барем еден дел од милијардите долгови, пишуваат агенциите.

Секој еден од вклучените во листата и должи на државата 150.000 евра.

Министерството за финансии во Атина нареди да бидат регистрирани имотите на сите должници, а исто така и на секаква нивна сопственост на материјалните средства, кои би можеле да доведат до зголемување на приходите во државната каса.

Во процес на подготовка се и листи со недвижности, кои ќе бидат запленети и објавени на аукција. Долговите на некои од сопствениците на средствата се движат од 500.000 до 12,5 милиони евра.

Листите вклучуваат куќи, станови, канцеларии, продавници, земјоделски имот, магацини и друго.

Властите во Грција планираат да воведат и стимулации во форма на награди за граѓани кои доставиле информации за даночни должници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП