19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRolls Royce го отвори најголемиот продажен салон

Rolls Royce го отвори најголемиот продажен салон

rols-rojs-salon-1

Британскиот производител на луксузни автомобили „Rolls Royce“ и официјално го претсави својот најнов продажен салон, кој воедно е и нивни најголем објект досега.

Салонот е сместен во кинеската провинција Шенјанг, а со ова компанијата дојде до бројката од шеснаесет продажни објекти на луксузниот производител на автомобили во земјата со најмногу жители во светот.

Според информациите објектот завзема површина од 1200 квадратни метри и се простира на два ката. Од компанијата веќе ги најавуваат плановите за проширување на продавницата, нормално доколку им биде потребно.

rols-rojs-salon-2

Отворањето на објект со таква големина е дел од агресивната политика за проширување на кинескиот пазар, кој поради својот раст е многу важен за „Rolls-Royce“, за што потенцираат и од самата компанија.

Инаку за потсетување овој британски автомобилски бренд оваа година слави една деценија од отворањето на својата фабрика во Гудвуд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП