21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСамо 1 од 400 македонски домови е осигуран од поплава

Само 1 од 400 македонски домови е осигуран од поплава

poplava 900

Помалку од 5% од становите и куќите се осигурани. Договори за заштита од катастрофи имаат уште помалку – приближно 1 од 700 имоти е осигуран од земјотрес, а 1 од 400 од поплава.

Најголем дел од домаќинствата се одлучуваат да го заштитат станот или куќата само откако банките ќе го побараат тоа од нив при одобрување хипотекарни кредити, но навиките полека почнуваат да се менуваат – минатата година осигурувањето на имот имало раст од 9.6%.

poplava 901

„Оваа состојба се должи пред сè на поголемата активност на друштвата за неживотно осигурување во промоцијата на осигурувањето на имот, зголемената  свест за купување на домаќинско осигурување, но и како резултат на ефектите на странските директни инвестиции и отворањето нови производни капацитети“ се наведува во годишниот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурувањето за 2015-та.

Освен мала побарувачка, за осигурување од катастрофи има и мала понуда. Само неколку компании нудат полиси кои вклучуваат големи природни непогоди како поплави и земјотреси.

poplava 902

Состојбата е подобрена во последните две години откако беше формирана „Европа ре“ од владите на Македонија, Србија и Албанија во соработка со Светската Банка. Нуди реосигурување односно производи кои ги отстапува на локалните компании.

Според нивните анализи при евентуален катастрофален земјотрес во Македонија последиците би надминале 40% од Брутодомашниот производ или околу 3.2 милијарди евра. Само домаќинствата би имале вкупни штети од најмалку 1 милијарда.

poplava 903

Во 2015-та осигурителните компании исплатиле штети за осигурани имоти во вкупна вредност од нешто над 10 милиони евра за вкупно 7.647 објекти – во оваа сума влегуваат становите, куќите, индустриските и другите капацитети, но и земјоделските насади. Посебни податоци за исплати само кон домаќинствата и за конкретните штети нема.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП